Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ стави крај на шпекулациите и откри каде ќе игра

Манчестер јунајтед почна преговори со Барселона за трансфер на Ракитиќ

Барселона, 9 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на шпанскиот шампион Барселона – Иван Ракитиќ, конечно стави крај на шпекулациите и ја откри својата иднина.

Хрватот постојано е поврзуван со голем број европски гиганти, но признава дека сака прво да го исполни договорот со Каталонците.

– Јас сè уште имам договор до 2021 година и кога ќе потпишам, секогаш имам намера да го испочитувам мојот договор до крајот. Ако поради некоја причина не можам да го исполнам, седнуваме и разговараме. Но, за сега, јас сум многу среќен во Барселона. Јас сум навикнат да слушам шпекулации. Јас сум во овој клуб веќе 6 години и така е секоја сезона. Понекогаш се потсетувам дека фудбалот е само спорт и понекогаш е подобро да се смеам на тоа, ги прокоментира Хрватот гласините за трансферот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина