Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ: Сакам да размислувам за Барселона, но никогаш не ја затворив вратата за голема шанса

Манчестер јунајтед почна преговори со Барселона за трансфер на Ракитиќ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 19 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ зборуваше за својата иднина.

– Кога потпишувате договор, секогаш размислувате да го исполните до крај. Сакам да играм, но сега се чувствувам смирено. Би сакал некој од клубот да излезе од сенките и да рече дека Ракитиќ останува, да ги запре овие гласини. Но, Бартомеу не ми рече ништо. Можеби денес тој ќе го слушне моето интервју и ќе ми се јави утре, изјави Ракитиќ.

Хрватот не исклучува опција да замине во друг клуб.

– Не ме загрижува ако Лаутаро дојде. Сакам да размислувам за Барса, но никогаш не ја затворив вратата за голема шанса, изјави Ракитиќ.

Порано или подоцна моето семејство ќе живее во Севиља. Јас сум скоро сигурен во тоа, уверува хрватскиот фудбалер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов