Утрински Весник
Свет

Ракети од Авганистан усмртија петгодишно дете од Пакистан

Ракети од Авганистан усмртија петгодишно дете од Пакистан

Ракети кои ги испалиле милитанти од Авганистан денеска убиле петгодишно дете и раниле уште седум деца во северозападен Пакистан.

Нападот се случил во Баџур, во поранешниот племенски регион кој исто така некогаш бил упориште на талибанците.

Баџур служел како база за пакистанските талибанци и други милитанти до пред неколку години, кога војската објави дека го исчистила подрачјето од бунтовници.

Пакистан и Авганистан делат меѓународно призната граница од 2.400 километри позната како Дурандова линија. Кабул никогаш не ја призна границата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранската гарда се закани дека ќе го пронајде и елиминира Нетанјаху

Трамп: Не знам дали врховниот лидер на Иран е воопшто жив

Човекот на Трамп им се заканува на медиумите со одземање дозволи: „Сакаат да ја изгубиме војната со Иран“