Утрински Весник
Спорт

Раиконен не сфаќа зошто имал толку фанови во Ф1

Раиконен не сфаќа зошто имал толку фанови во Ф1

Кими Раиконен вели дека не сфаќа зошто станал еден од најомилените Формула 1-возачи кај фановите иако признава дека е можно тоа да се случи бидејќи бил постојано чуден.

42-годишниот светски шампион од 2007 година стави крај на својата богата кариера на крајот на минатата сезона и веќе нема планови за тркање, туку сака да помине повеќе време со своето семејство. Во интервју за „Моторспорт.ком“, Финецот вели дека не му целосно јасно зошто толку фанови го сакале.

„Не знам зошто им се допаѓам. Можеби поради тоа каков сум. Постојано чуден, како сакате да го опишете тоа. За мене, тоа е нормално однесување, но однадвор можеби бев чуден и не за секого. Но, ја направив кариерата според мои очекувања во поголемиот дел“, вели Раиконен.

Тој додава дека поголем проблем ќе му било да се однесува како што сакале другите отколку да го задржи својот имиџ.

„Можеш да го правиш тоа што луѓето го бараат од тебе или што сакаат да го правам, но само одредено време. Но, не мислам дека е здраво на подолги патеки“, додава Раиконен.

> Раиконен не сфаќа зошто имал толку фанови во Ф1 <

Можете да прочитате

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска