Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Разрешен претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Разрешен претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи
300x250 opst2

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Со двотретинско мнозинството на Ријасетот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ)  во Република Северна Македонија, денеска е разрешен од позицијата прв човек на ИВЗ, досегашниот реисул улема Сулејман Реџепи, изјави муфтијата на Гостивар, Шаќир Фетаи, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

Оваа одлука стапува во сила од денеска, односно на неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, исто така и муфтијата на Куманово, Абедин Имери, тој на Струга, Салим Сулејмани, од скоро сите други муфтии. Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот  Фадил Рамадани и други.оџ/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Галичник отсечен од светот, патот е затрупан и замрзнат

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор