Утрински Весник
Македонија

Разрешен директорот на ЈП Улици и патишта, бил фатен со кокаин

Разрешен директорот на ЈП Улици и патишта, бил фатен со кокаин

Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ е разрешен од функцијата.

Информацијата за разрешувањето ја објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција“, напиша Шилегов.

Според полицискиот билтен, на 15 август во 22.40 часот на улицата„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крмов: ВМРО – ДПМНЕ бара консензус, СДСМ и ги врза рацете на опозицијата, а државата живее на кредит за кредит 

Во тек е голема полициска акција во УЈП Скопје

МАСИТ: Сстанок со Муцунски – фокус на економска дипломатија и интернационализација на македонските ИКТ компании