Утрински Весник
Македонија

Разрешен в.д. директорот на ЦЈЗ-Скопје, Зибери, за нов вд директор назначен Александар Стојанов

Разрешен в.д. директорот на ЦЈЗ-Скопје, Зибери, за нов вд директор назначен Александар Стојанов
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека е разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.

– Зибери е разрешен заради пласирање неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот, наведуваат во соопштение од Министерството за здравство.

Министерството информира дека за нов вд директор на Центарот за јавно здравје Скопје е назначен д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!