Утрински Весник
Свет

Размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија

Размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија

Вицепремиерката и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук соопшти дека е извршена втората размена на воени заробеници меѓу украинската и руската страна.

„По наредба на претседателот Володимир Зеленски, штотуку се одржа втората размена на воени заробеници. 86 наши војници се враќаат дома, од кои 15 се жени“, напиша Верешчук на официјалниот канал Телеграм.

Таа им се обрати на сите што сè уште се во заробеништво, со порака дека украинската влада се бори за секој од нив и дека ќе бидат вратени дома.

Истата вест во видео изјава ја потврди и заменик началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Тимошенко.

Руската Федерација започна воена инвазија на Украина на 24 февруари, за што САД, Европската Унија и Велика Британија воведоа неколку пакети економски санкции, додека Генералното собрание на ОН ја осуди агресијата на Москва врз нејзиниот суверен сосед.

Можете да прочитате

Макрон со предлог за забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Член на Хамас уапсен на аеродромот во Берлин, подготвувал терористички напади

Договорен датум за нови преговори меѓу Русија и Украина