Утрински Весник
Македонија

Разговор на Османи и шефот на француската дипломатија

Разговор на Османи и шефот на француската дипломатија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан.

Како што информираат МНР, во фокус на разговорот било европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија.

„Стана збор и за текот на политичкиот дијалог со Бугарија и секако состојбите во Украина и како истите се рефлектираат на земјите од Западен Балкан, врз стабилноста и безбедноста на регионот и Европа во целост“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Османи го информирал Ле Дриан дека Северна Македонија постигнала 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика и во тој контекст потенцирал дека европската перспектива на земјата и регионот е суштински придонес за одржлива регионална и европска стабилност.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Ристов не е изолиран случај, “чадорот” на заробената правда се крши

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи