Разводот на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер конечно е официјализиран, повеќе од една деценија од нивната разделба.
Славниот актер, поранешен гувернер на Калифорнија (74) и неговата сопруга (66) всушност се разделија во 2011 година, но судијата неодамна го потпиша разводот и нивната официјална разделба сега е влезена во судскиот систем на Вишиот суд во Лос Анџелес, пишува „ТМЗ“.
Приватен судија посредуваше во нивниот развод, сепак, потребен беше потпис од актуелен судија за да влезе во судскиот систем.
Марија поднесе барање за развод пред повеќе од една деценија, откако се дозна дека холивудскиот ветеран има син (Џозеф Баена) со нивната куќна помошничка.
Сепак, нивниот развод беше комплициран имајќи предвид дека требаше да постигнат спогодба за поделба на имот срекнат во брак.
Деталите од спогодбата останаа тајни во текот на целиот процес, но медиумите наведувааа дека станува збор за сума од околу 400 милиони долари.
Арнолд и Марија – кои заедно ги имаат Кетрин (32), Кристина (30), Патрик (28) и Кристофер (24) – ги поделиле парите од имотот приближно рамномерно.
Ѕвездата на „Терминатор“, кој се ожени со Марија во 1986 година, претходно го опиша разводот како негов најголем неуспех и призна дека е целосно негова вина.
„Тоа беше, без никакво сомневање, најголем неуспех. Не можете да го вперите прстот кон никој друг,“ рече тој во една прилика.