Утрински Весник
Магазин

Разводот неизбежен: По шест години брак и четири деца, Кардашијан и Вест се разделуваат

Разводот неизбежен: По шест години брак и четири деца, Кардашијан и Вест се разделуваат

Светските таблоиди веќе подолго време шпекулираат дека шестгодишниот брак на Ким Кардашијан и Канје Вест е готов, а сега, извори блиски до парот тврдат дека разводот е неминовен.

Неколку извори тврдат дека Ким се подготвува да поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, додека на раперот, наводно, му е преку глава од целиот клан Кардашијан, пренесува „Дејли Мејл“.

Весникот им се обратил на претставниците на двојката, но тие не биле достапни за коментар.

Гласините за разделбата следат по една тешка година за двојката, каде што беа забележани како водат „кризни“ разговори, откако Канје ја обвини Ким дека се обидува да го заклучи дома. Тој наговестуваше дека сака да се разведе од неа во низа конфузни објави на Твитер, додека за него се тврдеше дека има биполарно растројство кое се карактеризира со епизоди на депресија и манија.

Друг извор изјави за „Пејџ сикс“ дека двојката е „готова“ и во моментов разговараат за поделба на нивното богатство имајќи предвид дека водеа одделни животи во текот на изминатата година, со тоа што Канје поминува најголем дел од времето на неговиот ранч во Вајоминг, вреден 14 милиони долари.

„Тие повеќе не даваат изјави за нивниот брак, но готово е. Ким ја ангажираше Лора Васер и разговорите за спогодбен развод се во тек,“ рече инсајдер за порталот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста