Утрински Весник
Македонија

Разбојници во спомен куќата на Мајка Тереза, со закана со нож одзеле пари

Разбојници влегле во спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, при што со закана со нож кон вработената одзеле пари, соопшти МВР.

„На 12 мај полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари“, соопшти полицијата.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Ново рочиште за ,,Пулс” одбраната продолжува со воведни обраќања

Николоски: Економијата и инфраструктурата во фокусот на средбите со високи претставници од ЕУ, министрите од регионот и Европските банки

СДСМ: Стојановски вели „некрофилство на СДСМ”, ВМРО – ДПМНЕ ја премина секоја можна граница