Утрински Весник
Македонија

Разбојник од Скопје украл автомобил, па со него направил сообраќајка

Разбојник од Скопје украл автомобил, па со него направил сообраќајка

Во попладневните часови 13 октомври на скопската улица „Пролет“, полицијата уапсила 46-годишен скопјанец со иницијали Б.Д, поради сомнение дека на 11 октомври од булеварот „Борис Трајковски“ одзел автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје.

Како што информираат од МВР, подоцна истиот ден, во скопско Ново Село, разбојникот со одземеното возило удрил во автомобил „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Полицијата вечерва под опсада држи локации во Струмичко и Скопје

Мицкоски-Вајц: Акцент ставен на потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди

Трендафилов поднесе иницијатива во Собранието за намалување на пратеничките плати