Утрински Весник
Македонија

Разбиена криминална група која извршила разбојништво со смртни последици

Разбиена криминална група која извршила разбојништво со смртни последици

Полициски службении од Скопје и Кичево во соработка со одделот за специјални полициски операции, вчера ги уапсиле Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп.

Како што информираат од МВР, по претходно преземени активности и добиена судска наредба, извршени биле претреси во домoвите и други простории кај петте лица, при што биле пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашеста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Така, расчистени биле две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари годинава, од кои едното со смртни последици.

Петте лица се приведени за понатамошна постапка.

Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик, при што од страна на судија им е изречена мерка притвор.

На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово