Утрински Весник
Свет

Разбиена е банда која фалсификувала билети за музејот Лувр

Dik 300x250 mk

Разбиена е банда која тргувала со фалсификувани билети за музејот Лувр во Париз, а 14 лица се уапсени, јавува Франс прес од извори блиски до полицијата.

Членовите на бандата собирале хартиени или електронски билети од посетителите кои ја завршиле обиколката на музејот, а потоа ги препродавале на туристите кои биле на ред пред билетарата.

Препродавачите барале повеќе пари од реалната цена на билетот.

Преку полициска акција било овозможено апсење на 14 лица, од кои осум биле приведени во полиција, додале полициски извори, пренесува медиумот.

На останатите шестмина им бил одреден притвор како дел од истрагата која е во тек.

Музејот Лувр примил 2,8 милиони посетители во 2021 година, а пред пандемијата на коронавирус имал десетици милиони посетители годишно.

Можете да прочитате

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство

Русија распоредува резервисти за заштита на стратешки објекти од украински дронови