Утрински Весник
Спорт

Радуловиќ повеќе не е тренер на Вардар

Радуловиќ повеќе не е тренер на Вардар

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Дарко Радуловиќ во новата сезона нема да ги предводи кошаркарите на Вардар. Ова денес е објавено на клупскиот Фејсбук профил на „црвено-црните“.

– Вардар е клубот каде ја заврши играчката и воедно ја започна тренерска кариера. Имаше успеси и шампионска титула во младинската лига, обезбеди враќања во елитата од втората лига како и две сезони опстанок во првата лига. Ти благодариме за се што допринесе во овие изминати сезони за нашиот клуб, за целиот вложен труд и успесите. Ти посакуваме успешна сезона во новиот клуб, стои во информацијата на КК Вардар.

Во прекината сезона 2019/20 во македонското кошаркарско првенство, Вардар имаше три победи и 14 порази, доволни за претпоследното, 9. место. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство