Утрински Весник
Свет

Радев со убедливо водство во вториот круг

Радев со убедливо водство во вториот круг

Бугарскиот претседател, Румен Радев (58) е блиску до победа за да обезбеди втор мандат, бидејќи гласачите во големо мнозинство ја поддржаа неговата програма, покажуваат вечерва прелиминарните резултати од вториот круг на претседателските избори.

Според првичните резултати, Радев добил меѓу 64 и 66 отсто од гласовите, наспроти конкурентот Анастас Герџиков, кој добил 32-33 отсто од гласовите, покажуваат резултатите, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Радев се здоби со популарност откако ги поддржа големите антикорупциски протести во 2020 година против тогашниот премиер Бојко Борисов и поради назначувањето на преодна влада.

Герџиков, кого го поддржа партијата на Борисов, ГЕРБ, го обвини Радев дека ги поттикнува Бугарите еден против друг.

Тој вети дека ќе ја обедини нацијата, која е погодена од една од најлошите стапки на смртност од Ковид-19 во Европската унија.

Радев е поддржан од политичките ривали на Борисов, партијата ПП, социјалистите и „Има таков народ“.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија