Утрински Весник
Македонија

Радев: Критериумите за добрососедство да бидат вметнати во посебно поглавје во преговарачката рамка со С. Македонија

Радев: Критериумите за добрососедство да бидат вметнати во посебно поглавје во преговарачката рамка со С. Македонија

Настојувам да се отвори посебно поглавје во преговарачката рамка со Северна Македонија и таму да бидат поставени сите критериуми за добрососетство, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев за БНТ.

Според него, Бугарија мора да ги брани својата историја, јазикот и идентитетот.

„Никој освен нас самите не може да го направи тоа. Убеден сум дека соработувајќи отворено со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение. Бидејќи Договорот за добрососедство не води кон тоа, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Северна Македонија. Таа мора да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите на омраза од минатото или ќе почне демократски развој“, изјави Радев.

Вели дека за него е важно што успеал да ја убедам бугарската влада дека не може да има безрезервна поддршка.

„Пред една година свикав вонреден консултативен состанок и се согласивме дека треба да има национална рамка. Владата прифати“, изјави Радев.

Тој посочи дека Германија се повеќе ги слуша нивните аргументи и ја поканува не само Бугарија да соработува, како што било порано, туку и Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Со возило удрен пешак во Дебар, се здобил со тешки телесни повреди

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада