Утрински Весник
Македонија

Радев: Ако ги зближиме младите од Северна Македонија и Бугарија ќе ги надминеме децениските спротивставувања

Бугарскиот претседател го распушти парламентот, закажа нови избори на 11 јули
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапувањето на РС Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев од Рим.

„Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно го објаснив бугарскиот став дека ќе напредуваме кога самите земји јасно и неповратно ќе покажат дека ги исполнуваат критериумите“, рече Радев.

Како што јавија бугарските агенции, тој нагласи дека во моментов бугарската влада работи заедно со владата на Северна Македонија и дека наскоро Бугарија ќе донира значителна количина вакцини за нашата земја.

„Со Пендаровски разговараме да ги поканиме учениците и студентите од РС Македонија да поминат дел од нивниот одмор заедно со нашите деца, така ќе имаме едукативна и хуманитарна програма. Ако успееме да го постигнеме ова, ќе го направиме најважниот чекор во надминување на децениската пропаганда, инсинуации и спротивставувања меѓу нашите две страни. Ако ги зближиме нашите млади луѓе, сигурен сум дека ова ќе ја неутрализира секоја пропаганда“, рече Радев.

Можете да прочитате

ВЛЕН под притисок од базата – Се бара смена на Фатмир Лимани?!

Нацев: Не сум сопственик на „Рубикон“, ова е политички конструиран случај

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија