Утрински Весник
Спорт

Работнички ќе гласа првенството да заврши без прогласување на шампион

Работнички ќе гласа првенството да заврши без прогласување на шампион

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Во пресрет на состанокот закажан за утре, 29 април од страна на Кошаркарската федерација на Северна Македонија на кој треба сите клубови од првата лига да се изјасната по двата предлога предложени од страна на КФСМ, КК Работнички АД соопшти дека ќе гласа за предлогот првенството да се заврши без прогласување на шампион.

– Прогласување на шампион на 50% одиграно првенство е се само не е спортско и фер завршница на првенството. Шампион се станува на терен, Работнички сака шампион на терен не во канцеларии, соопштија од клубот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот