Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Работниците се силата на државата од кои зависи заедничкиот напредок, порачува Царовска

Помош од државата за семејствата чии домови беа уништени од пожарот во Шуто Оризари
Img 7972

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска им го честита 1 Мај на сите граѓани, порачувајќи дека работниците се силата на државата од кои зависи заедничкиот напредок.

– Наша одговорност како политичари е да направиме се и да ви обезбедиме подобри услови за работа. Јас никогаш нема да се откажам од овие цели. Борбата за достоинствена работа никогаш не запира и таа е вечна. Сега, за жал, оваа борба е потешка од било кога. Се соочуваме со голема здравствена и економска криза каде први на удар сте вие работниците. Свесна сум за стравовите со кои се соочувате. Знам дека многу од вас чуствуваат несигурност. Несигурност за своето здравје, страв за своето работно место и  за својата иднина, вели Царовска.

Најавува дека ќе продолжи воспоставената пракса на градење социјален дијалог меѓу работодавачите, работниците и институциите.

– Денес сакам да ве уверам, дека ќе направиме сѐ да ви помогнеме и да ве заштитиме во овие бурни времиња. Ќе се бориме за вас и заедно ќе пребродиме, истакнува Царовска во првомајската честитка. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

Сабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни