Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Работна средба на раководството на МВР и репрезентативниот полициски синдикат  со претставниците на Одделот за специјални полициски операции

Работна средба на раководството на МВР и репрезентативниот полициски синдикат  со претставниците на Одделот за специјални полициски операции
Img 7972

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со дополнителниот заменик на министер Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ имаа работна средба  со раководните структури на сите организациони единици во рамките на Одделот за специјални полициски операции, на кој присуствуваа и претставниците на репрезентативниот полициски синдикат.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, средбата била посветена на тековното работење на Единиците во рамки на Одделот и начините за што поефикасно функционирање во претстојниот предизборен период.

– Денешниов состанок имаше за цел да покаже единство на највисокото раководството на МВР во делот на донесување одлуки од значење на службата и да ги охрабри припадниците на службите дека единствено преку доследно почитување на законските надлежности и професионалните стандарди во секојдневното работење, полицијата и полициските службеници  можат  да ја градат и оправдаат својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните, се наведува во соопштението. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара