Утрински Весник
Македонија

Работна средба меѓу јавниот обвинител и Синдикатот на УПОЗ, во фокусот подобрување на условите за работа

Работна средба меѓу јавниот обвинител и Синдикатот на УПОЗ, во фокусот подобрување на условите за работа
Dik 300x250 mk

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РСМ на која се говореше за подобрување на условите за работа на вработените во јавните обвинителства, информираат од оваа институција.

Висината на платите и додатоците за јавно обвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и за признавање на стекнатото образование, пополнување на испразнетите работни места, како и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници беа теми за кои стана збор на средбата, додаваат од таму.

„Љубомир Јовески ги истакна заложбите на обвинителството во рамки на Буџетот на обвинителството да се создадат услови за подобрување на состојбата на јавнообвинителските службеници, како и редовната комуникација со Министерството за правда каде се бара носење на нови законски решенија со кои уште повеќе би се подобриле и зголемиле правата на вработените, потенцираат од јавното обвинителство.​

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат