Утрински Весник
Политички Партии

Работилница за евалуација на менторството во полицијата

Работилница за евалуација на менторството во полицијата

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Мое лично убедување е дека во изминативе две декади жените, независно дали зборуваме за општествениот или за институционален ангажман, а во конкретниов случај за Министерството за внатрешни работи, покажаа една издржана амбициозност, поткрепена со соодветна и квалититена наобразба и стручност, докажувајќи дека можат и знаат, подеднакво со таканаречениот – „посилниот пол“, да се носат со сите предизвици, вклучително и на безбедносната професија, а во голем дел од областите, особено на полициското работење, да бидат далеку поуспешни, поефикасни, поделотворни и од нивните машки колеги.

Ова го истакнал министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на почетокот на дводневната работилница за евалуација на менторството, што се одржува во Велес во организација на Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат, поддржана од мисијата на ОБСЕ во нашата држава.

Според министерот Чулев, соопштија од МВР, значајно е дека овој пат се оди еден чекор понатаму, односно менторството се елаборира од аспект на родовата рамноправност, принцип што веќе има фундаментално значење во развојот на секое модерно демократско општество.

Тој  потенцирал дека имплементацијата на политиката на родова рамноправност е долг процес, дотолку повеќе што станува збор, за релативно ново начело за општествено- социјална стратификација, особено за земјите од овие простори.

– Неспорно е дека наспроти овој сериозен општествен реформски концепт се уште стојат одредени стари клишеа, навики и предрасуди. Но, тоа не смее да не дефокусира, напротив, нам ни е нужно континуирано образување, обуки, дискусии и активности, не само во насока на менување и надминување на стереотипите, туку и во поглед на градење на објективни перспективи за етаблирање на местото и улогата на жената како рамноправен субјект, рекол меѓу другото министерот Чулев.цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт