Утрински Весник
Македонија

Пoставен монтажен кружен тек на најфреквентната крстосница кон штипската населба Сењак

Пoставен монтажен кружен тек на најфреквентната крстосница кон штипската населба Сењак
Dik 300x250 mk

Штип, 20 јуни 2020 (МИА) – Поставен е монтажниот кружен тек на новата крстосница кај поранешното Нервно одделение. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи, а потреба од  кружен тек се појави по пуштањето на новиот мост на реката Брегалница, кој ги поврзува индустриските зони, со најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки рид, Автокоманда и Света Недела.

-Ова е прв ваков кружен тек кој го поставуваме, модерно и едноставно решение, кое ќе ги даде своите резултати во делот на безбедноста на граѓаните. Се работи за седма крстосница, која во изминатите две и пол години ги решивме, со зголемување на безбедноста, со поставување на знаци, кружно движење, вели Бочварски.

Забележа дека поставувањето на монтажниот кружен тек и на стоблчињата се евтино решение, но ја зголемуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи ова е сега една од најфреквентните улици и мост на реката Бреалница, која што директно води кон фабриките во Индустриските зони, но е и излезез и влез кон Скопје, Велес и Кочани. Новиот монтажен кружен тек чини 200.000 денари, а Бочварски најави дека наскоро ќе следи и решавање на безбедноста на крстосницата кај зградата „Топ Инвест“, во населбата Сењак. вдј/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство

Два автомобили излетале од патот, еден удрил во заштитна ограда, возачите тешко повредени