Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ: Јувентус е клуб со победничка ДНК

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Торино, 7 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ смета дека направил добар избор кога дошол во Торино.

– Можев да се преселам во Јувентус две години порано. Но, тогаш ќе ми биде тешко да ја совладам конкуренцијата – Пирло, Погба, Видал … Така ми беше подобро да останам во Рома – во добар, силен тим, но не како Јувентус, таму имаше голема конкуренција. Тогаш (во 2016 година) си реков дека е време да влезам во светот на Јуве. Кога одите во соблекувалната и ги гледате имињата на легендите, разбирате дека ова е клуб со голема историја и победничка ДНК во сè. Овој клуб е совршен, победува затоа што работи понапорно од останатите, изјави Пјаниќ.

Босанскиот играч се надева дека тимот ќе ја освои Лигата на шампионите.

– Задачата на Јувентус е да ја освои ЛШ. За ова, ќе ни треба и среќа и сите играчи да се во ред. Ние и уште 4-5 клуба сакаме да го земеме овој трофеј, истакна Пјаниќ на Инстаграм. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство