Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин ќе одговара на новинарски прашања од неговата резиденција

Путин ќе одговара на новинарски прашања од неговата резиденција
Img 7972

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се обрати на голема прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година.

Сепак, оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, настанот ќе се одржи преку видеоврска, јави ТАСС.

Вкупно 774 новинари беа акредитирани за конференцијата, а главните руски ТВ-канали резервираа три часа да го емитуваат настанот.

Домашни и странски новинари ќе бидат сместени во Меѓународниот трговски центар во Москва, а вкупно ќе бидат 237 од нив.

Конференцијата ќе започне напладне по московско време, а Путин ќе остане во својата резиденција во Ново Огарјово, каде што е поставен голем видеобим.

Првата конференција се одржа во 2001 година и траеше 95 минути, а најдолгата траеше во 2008 година – четири часа и 40 минути.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната