Утрински Весник
Свет

Путин утре ќе прими вакцина против коронавирусот

Путин утре ќе прими вакцина против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе биде вакциниран против коронавирусот во вторник, пренесува „Спутник“.

„Вакцинацијата е доброволен избор на секоја личност. Планирам да се вакцинирам утре“, рече Путин, говорејќи на состанокот на кој се зборуваше за зголемување на производството на вакцини.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави пред новинарите дека Путин ќе биде вакциниран со една од трите руски вакцини одобрени од властите, но тој не откри која ја одбрал.

Русија е првата земја во светот што регистрира вакцина против ковид во август минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Европската комисија ѝ исплати 189 милиони евра на Молдавија

Иран гаѓаше израелски центри за кибертехнологија и фабрика за оружје

Песков: Русија одржува контакти со раководството во Хавана, подготвена е да ѝ помогне на Куба