Утрински Весник
Свет

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија.
„Тоа е едноставно глупаво. А оние кои мислат поинаку, за жал, не ги научиле лекциите од историјата“, додаде Путин на фестивалот Таврида на Крим.

dobivaj vesti na viber

Путин истакна дека оваа година „во тимот на фестивалот има и луѓе од ослободените територии – од Доњецката и Луганската народна република“.

„Денес сте заедно, подготвени да ги здружите напорите за постигнување заеднички цели, а тоа значи дека знаете дека треба да бидете заедно за да бидете силни. Целата богата илјадагодишна историја на Русија нè учи на тоа“ – рече тој.

„Знаеме дека сите тешкотии и искушенија се време на нови можности и често зборуваме за тоа. Време е да бидеме храбри, тоа е вистината, а вие сте токму такви“ – рече Путин.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина