Утрински Весник
Свет

Путин: Со заеднички напори ќе се одржи суверенитетот на Народна Република Луганск

Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ќе го брани територијалниот интегритет и суверенитет на самопрогласената Луганска народна република заедно со луѓето кои живеат таму, обраќајќи му се на лидерот на Народна Република Луганск, Леонид Пашечник.

„Граѓаните на Народна Република Луганск го слават националниот празник под сложени околности – бранејќи ја својата татковина и држат оружје. Убеден сум дека заедничките напори ќе ги заштитат независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката, додека Договорот за пријателство, соработка и Взаемната помош потпишана на 21 февруари ќе послужи како добра основа за зајакнување на врските меѓу нашите земји“, изјави Путин, пренесува ТАС С.

Народна Република Луганск прогласи независност од Украина на 12 мај 2014 година, а на 21 февруари 2022 година Русија го призна нејзиниот суверенитет.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците