Утрински Весник
Свет

Путин свечено ќе го означи почетокот на производството на вакцината „спутник В“ во Србија и Аргентина

Путин: Украина ја претвораат во антирусија

Рускиот претседател Владимир Путин, заедно со неговите колеги од Србија и Аргентина, Александар Вучиќ и Алберт Фернандез, на 4 јуни ќе го означат почетокот на производството на вакцината „спутник В“ во тие земји.

„Денеска ќе се одржи состанок со инвеститорите и компаниите кои ја произведуваат вакцината ‘спутник В’“, изјави за новинарите портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (ПМЕФ).

Тој додаде дека настанот е организиран од Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ). Претседателите на Аргентина и Србија ќе присуствуваат на состанокот преку видеоврска.

„Тие ќе го означат почетокот на производството на ‘спутник В во нивните земји“, објасни Песков.

На настанот ќе присуствуваат и самите инвеститори. Главната тема на состанокот ќе биде решавање на последиците од пандемијата.

„Инвестициската активност не е прекината, и покрај мошне сложената (2020) година. Профитот падна, но од гледна точка на кризната година, нивото остана прифатливо. И тоа е многу важно “, рече портпаролот на рускиот претседател.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години