Утрински Весник
Свет

Путин: Руската воздушна одбрана го крцка украинското оружје како ореви

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана во Украина го кршат украинското оружје како ореви.

„ Нивните системи за противвоздушна одбрана пукаат како ореви, десетици се уништени“ изјави Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Путин го предупреди Западот дека Русија ќе таргетира нови цели доколку САД почнат да ја снабдуваат Украина со ракети со долг дострел, јавуваат руските медиуми.

„ Доколку се испорачаат такви ракети, ќе ги гаѓаме оние цели што досега не сме ги гаѓале“, предупреди Путин.

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота