Русија и Европа треба да ги обединат напорите во борбата против коронавирусот, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.
„ Имаме околу 10 инфекции на 100.000 жители. Во јужна Франција, оваа бројка е поголема од 70. Ова е сериозен индикатор. Ова се објективни податоци што сугерираат дека треба да ги обединиме нашите напори, вклучително и нашите европски колеги- рече Путин.
„Русија сака да го стори тоа и е отворена за заедничка работа во оваа сфера“, нагласи претседателот на Русија.