Утрински Весник
Свет

Путин разговараше со Шолц и Маркон: Украина грубо го крши меѓународното право

Путин разговараше со Шолц и Маркон: Украина грубо го крши меѓународното право

Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со сојузниот канцелар на Германија, Олаф Шолц и со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во однос на поставените прашања од соговорниците за хуманитарната ситуација во областите на специјалната воена операција за заштита на Донбас, Путин информираше за вистинската состојба на работите.

Посебно се наведени бројни факти за најгрубо кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили: вонсудска одмазда против неистомислениците, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување тешко оружје во станбени населби, во близина на болници, училишта, градинки и слично.

Во исто време, националистичките баталјони систематски ги попречуваат спасувачките операции и ги заплашуваат цивилите кога се обидуваат да се евакуираат. Путин ги повика Макрон и Шолц да влијаат врз властите во Киев да престанат со ваквите злосторства.

Претседателот на Русија детално зборуваше за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници одржани во видео формат во последните денови. Во таа насока, лидерите на трите земји разговараа за некои прашања поврзани со договорите што се разработуваат за спроведување на познатите руски барања.

Договорено е да се продолжат контактите за украинските прашања.

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска