Утрински Весник
Свет

Путин: Предадете им ги заробените западни проектили на проруските сепаратисти

Путин: Предадете им ги заробените западни проектили на проруските сепаратисти

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руската инвазија на Украина била успешно извршена и покрај тврдењата на западните лидери дека руската армија наишла на непланирани пречки и отпор. Шојгу додаде дека противтенковските ракети произведени од западните земји, како и системите за противвоздушна одбрана што ги зароби руската армија во Украина, треба да им бидат предадени на силите на самопрогласените републики во источна Украина.

„Сè оди според планот“, му рекол Сегеј Шојгу на рускиот претседател Владимир Путин на телевизискиот состанок на Советот за безбедност во петокот.

Шојгу, исто така, тврдеше дека руската армија примила повеќе од 16.000 апликации од волонтери од Блискиот Исток кои сакале да се приклучат на војната во Украина.

„Добиваме огромен број апликации од секаков вид волонтери од различни земји кои би сакале да дојдат во Доњецката и Луганската народна република доколку учествуваат во она што го сметаат за ослободително движење“, рече тој, пренесува Си-Ен-Ен.

Министерот за одбрана, исто така, побара од Путин повеќе оружје за вооружување на сепаратистичките региони на Донбас, особено системи за противвоздушна одбрана, вклучително и MANPADS, заедно со полесни фрлачи на противтенковски ракети.

Имаме акумулирано голем број украински оружја: тенкови, оклопни возила и секаков вид мало оружје, многу артилерија. Покрај тоа, има многу ракети Џавелин и Стингер“, рече тој.

Шојгу кажа и дека западното оружје влегува во Украина „апсолутно неконтролирано“. Тој рече дека руската армија планира да ја зајакне својата западна граница и дека Генералштабот работи на тоа.

Путин ги поддржа двата предлози, велејќи дека Русија треба да им помогне на волонтерите кои се подготвени да се борат во Донбас да се префрлат на фронтот.

„Ако видите дека има луѓе кои сакаат да дојдат сами, а не за пари да им помогнат на луѓето кои живеат во Донбас, тогаш треба да им го дадеме она што го сакаат и да им помогнеме да дојдат во зоната на конфликтот“, рече Путин на состанокот.

Можете да прочитате

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема