Утрински Весник
Свет

Путин: Преговорите со Украина ќе продолжат онлајн

Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Москва по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека преговорите со Украина ќе продолжат онлајн и изрази надеж дека тие ќе дадат позитивен резултат.

Коментирајќи ја моменталната ситуација во разурнатиот Мариупол, која тој ја опиша како „комплицирана и трагична“,рече дека руските сили повеќе не спроведуваат никакви воени операции во градот. На прес-конференцијата Путин повторно го даде своето оправдување за инвазијата на Украина.

На Гутереш му порача: „Сè уште очекуваме и се надеваме дека ќе постигнеме договор преку дипломатија“.

Путин додаде дека бил постигнат голем напредок на неодамнешните преговори во Истанбул, но посочи дека тој напредок пропаднал по извештаите за масакри на цивили во украинскиот град Буча.

Тој ги нарече извештаите „провокација“, додавајќи дека „руската армија нема никаква врска со тоа“.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина