Утрински Весник
Свет

Путин повика на прекин на огнот во Нагорно – Карабах

Путин сам ќе каже дали и кога сака да ја прими вакцината

Рускиот претседател, Владимир Путин, повика на прекин на огнот во Нагорно – Карабах од хуманитарни причини за да можат двете страни да ги разменат телата на загинатите и затворениците.

„По серијата телефонски разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и со ерменскиот премиер Никола Пашинјан, претседателот на Русија повика на прекин на борбените дејства во Нагорно – Карабах, од хуманитарни причини, со цел размена на телата на мртвите и затвореници“, соопшти Кремљ, пренесе „Спутник“.

Путин ги покани и министрите за надворешни работи на двете земји да дојдат во Русија на консултации за состојбата во Нагорно – Карабах.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турција со реакција до Техеран по соборувањето иранска балистичка ракета

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран