Утрински Весник
Свет

Путин од изолација ги повика граѓаните да гласаат: „Покажете љубов кон татковината“

Путин од изолација ги повика граѓаните да гласаат: „Покажете љубов кон татковината“

Рускиот претседател Владимир Путин,  неколку часа пред почетокот на парламентарните избори, ги повика граѓаните да ја покажат својата љубов кон татковината,.

Како што пренесуваат странските агенции, на главните противници на Кремљ не им е дозволено да учествуваат на овие избори.

„Сметам на вашето граѓанско чувство за одговорност, претпазливост и љубов кон татковината и дека се грижите за изборот на претставници кои ќе работат за доброто и за нашата сакана Русија“, рече Путин во видео пораката.

Рускиот претседател е во изолација, бидејќи во неговата околина беа идентификувани десетина лица заразени со коронавирус.

Парламентарните, регионалните и локалните избори ќе траат три дена со цел да се намали ризикот од зараза со коронавирус. Резултатите се очекуваат во недела по 20 часот по средноевропско време.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија