Утрински Весник
Свет

Путин одобрил испраќање жито во Авганистан доколку е потребно

Рускиот претседател Владимир Путин начелно одобри испраќање жито во Авганистан доколку е потребно, изјавил денеска специјалниот пратеник на рускиот претседател за Авганистан Замир Кабулов за Канал 1.

„Меѓуресорската делегација поднесе извештај и заклучоци за својата работа во Авганистан, а Владимир Путин начелно одобри испраќање житарици, доколку е потребно. Поточно, одобрена е одредена количина житарици од Русија, се надеваме дека се квалитетни“ изјавил тој, јави ТАСС.

Тој додал дека проценките за жетвата за Авганистан се обесхрабрувачки, особено за житарицата.

„Минатата зима беше сушна“, објаснил Кабулов.

Можете да прочитате

Одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната „не е позитивен“

Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански државјани

Гутереш: Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи