Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин: Нова варварска акција на украинските војници

Путин: Нова варварска акција на украинските војници
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Нафтали Бенет, соопшти Кремљ.

Оттаму појаснуваат дека Бенет го информирал Путин за неговите неодамнешни разговори со лидерите на неколку земји во врска со ситуацијата во Украина. Путин и Бенет се согласиле да го продолжат дијалогот, се вели во соопштението објавено од „Ројтерс“.

„Спутник“ пренесува дека Кремљ соопшти дека за време на разговорите со Бенет, „ Путин го привлече вниманието на новата варварска акција на украинските војници – денешниот ракетен напад врз централните области на Доњецк со употреба на касетна муниција, што доведе до голем број цивилни жртви“.

„Ројтерс“ јавува, повикувајќи се на израелски претставници, дека Бенет ја напуштил седницата на Владата поради телефонскиот разговор со Путин и дека разговорот траел околу 90 минути.

Британската агенција додава дека Бенет веќе во неколку наврати разговарал со Путин во обид да помогне во напорите за решавање на конфликтот меѓу Украина и Русија.

Можете да прочитате

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела

Папата вели дека примирјето во Газа дава „искра на надеж“