Утрински Весник
Свет

Путин: Написите за труењето на Навални се дело на американските специјални служби

Путин: Написите за труењето на Навални се дело на американските специјални служби

Рускиот претседател, Владимир Путин, го почна своето обраќање на големата прес-конференција, која традиционално ја одржува на крајот на секоја година. Оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, настанот се одржува преку видеоврска.

На прашањето за труењето на рускиот опозиционер, рускиот лидер истакна дека никому не му е потребно труењето на Навални.

„Сопругата (на Навални) ми се обрати и јас веднаш наредив да го пуштат на слобода (да замине на лекување во Германија)“, потсети претседателот.

Според шефот на државата, написите за труењето на Навални не се истрага, туку објавување материјали од американските специјални служби, чија цел е да го нападнат првиот човек на Русија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина

Трамп претпочита да не присуствува на евентуалната средба Путин-Зеленски

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“