Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин му ја честита победата на Бајден: „Подготвени сме за соработка“

Портпарол на Кремљ: Путин ќе ја информира јавноста ако ја прими вакцината
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честита победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, откако Бајден победи на гласањето на Електорскиот колеџ кој официјално ја потврди неговата победа.

Во телеграмата, Путин му посака успех на избраниот претседател и изрази уверување дека Русија и Соединетите држави, кои имаат посебна одговорност за глобалната безбедност и стабилност, навистина можат да придонесат за решавање на многу проблеми и предизвици со кои светот сега се соочува и покрај нивните разлики.

Путин во својата порака исто така истакнува дека Москва е подготвена да соработува со администрацијата на Бајден, додавајќи дека соработката меѓу двете земји заснована врз взаемно почитување ќе им служи на интересите не само на САД и Русија, туку и на целиот свет, пренесува Ројтерс.

Победата на демократскиот кандидат Бајден беше прогласена непосредно по изборите на 3 ноември, но актуелниот претседател Доналд Трамп се обиде да ги оспори резултатите од гласањето, повикувајќи се на обвинувања за кражба на гласови и незаконско пребројување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија