Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин-Макрон: Москва и Париз ја делат загриженоста за безбедноста на Европа

Путин-Макрон: Москва и Париз ја делат загриженоста за безбедноста на Европа
Img 7972

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на средбата со својот француски колега Емануел Макрон, му порача дека Москва и Париз имаат заедничка загриженост за безбедносната ситуација во Европа.

Путин, исто така, му рекол на Макрон дека видел како француските власти прават напори за решавање на безбедносните прашања во Европа, вклучително и кризата во Украина.

Макрон пак му рекол на Путин дека и на Европа и на Русија им е потребен корисен одговор за ставање крај на тензиите околу Украина.

„ Корисен одговор е одговор кој, се разбира, ни овозможува да избегнеме војна и да изградиме доверба, стабилност, видливост“, му рекол Макрон на Путин за време на разговорите во Кремљ за украинската криза.

Францускиот претседател пристигна во Москва на средба со претседателот Путин на која разговараа за украинската криза.

Макрон изрази умерен оптимизам пред разговорите со Путин.

Двајцата, на почеокот на разговорите, еден на друг се обратиле со „ти“.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа