Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин и Џонсон вечерва телефонски ќе разговараат за Украина

Путин и Џонсон вечерва телефонски ќе разговараат за Украина
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски ќе разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за две клучни теми: решавање на украинската криза и безбедносни гаранции, најави рускиот помошник на претседателот за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков.

„ Ова е внатре-украинско решение, со оглед на вчерашната посета на Џонсон на Киев. Ќе разговараме и за нашите сеопфатни предлози за долгорочни гаранции за безбедноста на Русија“, рече Ушаков, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека двајцата лидери ќе допрат и некои прашања од билатералната соработка, која, како што оцени, сега е на многу, многу ниско ниво.

Претходно Кабинетот на британскиот премиер соопшти дека премиерот Борис Џонсон очекува телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Подоцна, во медиумите се појавија информации дека британската страна, по објавувањето на извештајот за забавите одржани во владината резиденција во Даунинг стрит за време на карантинот, побарала од руската страна да го одложи разговорот меѓу двајцата лидери закажан за понеделник. Разговорот потоа беше одложен.

На крајот на 2021 година Русија објави нацрт-договори со САД и договори со НАТО за безбедносни гаранции. Москва особено бара правни гаранции за запирање на натамошното проширување на НАТО на исток, пристапувањето на Украина во тој сојуз и воспоставување воени бази во постсоветските земји.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори