Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Путин и Мицотакис разговараа за соработка, потпишаа пет договори

Путин и Мицотакис разговараа за соработка, потпишаа пет договори
300x250 opst2

По денешната средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин потврди дека разговорите биле значајни и ефективни.

“Разговорите беа многу значајни и ефикасни. Се разговараше за најитните теми од нашата досегашна соработка“, изјави Путин, пренесува ТАСС.

Путин рече дека е убеден дека ќе има сеопфатен заеднички акционен план меѓу Русија и Грција за 2022-2024 година. Тој му се заблагодари на Мицотакис за посетата, која се одржува во годината на одбележувањето на 200-годишнината од Грчката револуција, со која земјата ја започна борбата за независност и доведе до тоа Грција да стане суверена држава. Путин истакна дека Русија отсекогаш го поддржувала национално-ослободителното движење во Грција и дека таа е првата земја што ја признала нејзината независност во 1828 година.

“До денес народите на двете земји ги врзува силно пријателство, длабоки духовни и културни врски“, изјави Путин.

Грчкиот премиер посочи дека имал долга искрена и продуктивна дискусија со Путин за билатералните односи и нивната перспектива, истакнувајќи дека средбата ја гледа како „уште еден мост за зајакнување на односите меѓу двата народи и можност за проширување на соработката меѓу двете владите.“ Тој ја коментираше и вчерашната видео средба меѓу Путин и Бајден и рече дека разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател биле позитивен чекор напред.

„Мислам дека самиот факт што се одржаа разговорите е многу позитивен“, рече грчкиот премиер по разговорот со Путин.

Русија и Грција потпишаа пет договори по денешните разговори меѓу Путин и Мицотакис, јави ТАСС. Поточно, двете земји го потпишаа Заедничкиот акционен план на Руската Федерација и Република Грција за периодот 2022-2024 година, објави Кремљ на својата веб-страница.

Денеска беа потпишани уште два документи, договор за техничка соработка во областа на даночната администрација меѓу Федералната даночна служба на Русија и Независната управа за јавни приходи на Грција, како и заедничка акциона програма на Федералната агенција за туризам на Русија и Грчко Министерство за туризам за 2022-2024 година.

Можете да прочитате

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук