Утрински Весник
Свет

Путин им ги честиташе Божик и Нова година на Трамп и на Бајден

Путин им ги честиташе Божик и Нова година на Трамп и на Бајден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе Божик и Нова година на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и на неговиот наследник Џозеф Бајден.

Рускиот претседател му ги честитал божикните и новогодишните празници на Трамп и нему и на неговото семејство им посакал здравје, расположение и благосостојба, а среќа и просперитет на сите американски граѓани, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин, исто така, испрати честитки по повод празниците до новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден.

Рускиот лидер истакна дека пандемијата и другите предизвици со кои се соочува светот оваа година покажаа дека е неопходна голема меѓународна соработка.

Тој изрази уверување дека Русија и САД можат да направат многу за да ја поттикнат регионалната и глобалната стабилност и безбедност со унапредување на нивните односи во духот на еднаквост и заемно почитување на интересите, пренесе ТАСС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп