Утрински Весник
Свет

Путин: За разлика од Косово, Крим се отцепи со референдум

Путин: За разлика од Косово, Крим се отцепи со референдум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави денеска Крим станал дел од Русија како резултат на референдум, за разлика од Косово.

Тој додаде дека Западот го „голтнал“ отцепувањето на Косово, додека за жителите на Крим биле воведени санкции.

„Да, ние немаме вина во споредба со вас“, рече Путин за време на неговата традиционална годишна конференција, одговарајќи на прашање на британски новинар, дали Русија е секогаш невина или има малку кривица за лошите односи со Западот.

Путин денес одржува годишна конференција во Москва, која оваа година е организирана во малку изменет формат поради пандемијата на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД