Утрински Весник
Спорт

Путин за Валиева: Таква перфекција не се остварува со нечесни методи

Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин приреди посебен пречек во Кремљ за сензацијата во уметничко лизгање, Камила Валиева на нејзиниот 16-ти роденден, отфрлајќи ги обвинувањата за позитивниот допинг-тест на тинејџерката.

Валиева пред Олимпијадата беше сметана за прва фаворитка за златниот медал, и го освои со Русија во тимското натпреварување во првата недела на Игрите во Пекинг, по што беше откриено дека имала позитивен тест на забранетото средство за третман на болести на срце, триметазидин на Рускиот шампионат во декември 2021.

По легална битка пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), таа доби дозвола да настапи во индивидуалното натпреварување, но таму заврши како четврта, зад сонародничките Ана Шчербакова и Александра Трусова.

„Камила Валиева во својот талент ги апсорбираше најкомплексните елементи на уметничкото лизгање, елегантноста, убавината, моќта и нежноста. Со нејзините остварувања го крена овој спорт на ниво на вистинска уметност. Таква перфекција не може да се оствари со нечесни методи или со манипулација“, изјави Путин.

Шчербакова златна, крај полн со грешки и солзи за Валиева

Валиева случајно го земала лекот за срце препишан на нејзиниот дедо

> Путин за Валиева: Таква перфекција не се остварува со нечесни методи <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс