Утрински Весник
Свет

Путин: Западот нема да успее да постигне глобална доминација и да ја распарчи Русија

Путин: Западот нема да успее да постигне глобална доминација и да ја распарчи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот нема да успее во, како што рече, обидот да постигне глобална доминација и да ја распарчи Русија, пренесува Ројтерс.

Путин утринава зборуваше на владиниот состанок кој се емитуваше на телевизија, велејќи дека ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија.

Тој зборуваше и за санкциите дизајнирани да ја погодат руската економија, но рече дека централната банка не мора да печати пари и дека земјата има доволно финансирање.

– Нашата економија и бизнис ги имаат сите потребни ресурси за исполнување на сите поставени цели, предизвиците треба само да не мобилизираат – рече Путин.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран