Утрински Весник
Спорт

Путин до новинарката: Го гледавте ли видеото на Ѕјуба?

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека капитенот на руската репрезентација, Артем Ѕјуба не треба да биде осудуван за работите во приватниот живот, откако во ноември се појави . во кое тој мастурбира, но посочи дека се надева дека тој научил „добра лекција“.

Зборувајќи на својата традиционална прес-конференција пред крајот на календарската година, Путин беше запрашан за .то на напаѓачот на Зенит.

„Одговорот најверојатно е очигледен – не треба да се гледа на приватниот живот на спортистите. Нека си ги реши личните работи сам и во нормално општество не е вредно да се мешате во личните работи на луѓето. Сепак, тој е јавна личност, така што е неизбежно такви работи да привлекуваат внимание. За него, и за другите јавни луѓе ова е добра лекција – внимавајте што правите. Но, дали ова треба да влијае на неговата професионална работа? Секако, не“, изјави Путин.

Тој потоа ја праша новинарката која му го постави прашањето дали го видела .то.

„Го гледав, но не до крај“, одговори таа со смеа. „Јас не го гледав“, одговори со насмевка Путин.

Рускиот капитен Ѕјуба во бизарно . со мастурбирање

> Путин до новинарката: Го гледавте ли .то на Ѕјуба? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство